Collector
Пожар во британска база каде се стационирани американски авиони бомбардери | Collector
Пожар во британска база каде се стационирани американски авиони бомбардери
Kurir

Пожар во британска база каде се стационирани американски авиони бомбардери

Во британската база на Кралското военовоздухопловство Ферфорд во Глостершајр синоќа избувна пожар, при што е оштетена зградата на поранешната кантина. Засега нема информации за евентуално повредени луѓе, а огнот не ги зафатил авионите, пистите и хангарите. РАФ Ферфорд е главна оперативна база во Европа за американските стратешки авиони бомбардери, првенствено за Б-1Б Лансер и Б52Х Стратофортрес. Од март во базата се стационирани голем број авиони, кои се дел од операциите предводени од САД против Иран. Изминатите месеци во базата е забележана засилена активност, како и полетување и слетување на бомбардери и товарење на муниција. Сè уште не е позната причината за пожарот, но ако се утврди дека е саботажа тогаш британските и американските власти ќе спроведат заедничка истрага.

Go to News Site