Kurir
Изјава на портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, дадена непосредно пред синоќешниот настан во Вашингтон, стана вирална на социјалните мрежи поради тајмингот во кој била кажана, откако на гала вечерата дојде до вооружен напад. Левит, во разговор со новинар, најавувајќи го говорот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјавила: „Ќе има и некои истрели вечерва во салата. Затоа сите треба да се вклучат, ќе биде навистина одлично.“ Изјавата, според контекстот, се однесувала на реторички „вербални удари“ во говорот на Трамп, познат по неговиот остар и директен стил, но по инцидентот со вистинско пукање доби сосема поинаква перцепција во јавноста. Во истото обраќање, Левит нагласила дека говорот е подготвен лично од претседателот. „Во вистински стил на Доналд Трамп, човекот самиот го пишува својот говор“, изјавила таа. Неколку часа подоцна, за време на вечерата, во хотелот „Вашингтон Хилтон“ се слушнале истрели, по што претседателот и останатите гости биле евакуирани. Осомничениот бил приведен, а според првичните информации, дејствувал сам. Инцидентот дополнително ја засили вниманието кон претходната изјава на портпаролката, која иако дадена во поинаков контекст, поради случувањата беше интерпретирана како несоодветна и проблематична од дел од јавноста. JUST NOW: Karoline Leavitt calls on everyone to watch tonight because Donald Trump will bring the heat and there will be “shots fired” LET’S FREAKING GO pic.twitter.com/GMkccJ7qvw — MAGA Voice (@MAGAVoice) April 25, 2026
Go to News Site