Collector
Пукање на вечерата со дописниците од Белата куќа, евакуирани Доналд Трамп и првата дама Меланија | Collector
Пукање на вечерата со дописниците од Белата куќа, евакуирани Доналд Трамп и првата дама Меланија
Kajgana

Пукање на вечерата со дописниците од Белата куќа, евакуирани Доналд Трамп и првата дама Меланија

Пукање на вечерата со дописниците од Белата куќа, евакуирани Доналд Трамп и првата дама Меланија Филип Здравески 26.04.2026 / 12:30 Свет Претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија синоќа беа евакуирани од годишната вечера со дописниците од Белата куќа од страна на Тајната служба откако маж отвори оган врз обезбедувањето. Вооружениот маж со сачмарка пукаше врз агентите на Тајната служба, при што е повреден еден полицаец, а напаѓачот е уапсен. „Човек нападна безбедносен контролен пункт вооружен со повеќе оружја и беше соборен од некои многу храбри членови на Тајната служба“, изјави Трамп по инцидентот на прес-конференцијата во Белата куќа. Се претпоставува дека напаѓачот сам дејствувал. „Тој човек додека беше на подот изгледаше прилично злобно“, посочи Трамп објавувајќи фотографија од неговото апсење. Откако се слушнаа истрели, голем број од 2.600-те учесници на настанот почнаа да бегаат, а агентите на Тајната служба, меѓу кои и државниот секретар Марко Рубио и министрите за здравство Роберт Ф. Кенеди и министерот за внатрешни работи Даг Бургум, беа легнати на под. Напаѓачот призна дека мета му биле американските политичари Напаѓачот, кој е идентификуван како Кол Томас Ален од Калифорнија, призна дека мета му биле американските политичари. Тој утре ќе биде изведен пред суд под две обвиненија – Употреба на огнено оружје и за Напад врз сојузен агент со опасно оружје. Истражителите соопштија дека Ален е од предградие на Лос Анџелес и е учител и програмер на видеоигри. Во хотелот бил пријавен како гостин. Ален бил вооружен со сачмарка, пиштол и имал неколку ножеви. По инцидентот тој е под полициски надзор во болница, каде му се пружа лекарска помош. Агентот кој го запрел напаѓачот завршил во болница. Тој бил погоден во панцирот и е болница. Вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа се одржува секоја година на која присуствуваат и многу членови на кабинетот на Трамп и други високи функционери на администрацијата. Настанот се одржува во подрумската балска сала на хотелот „Hilton“. Трет обид за атентат врз Трамп Трамп во текот на кампањата за втор претседателски мандат во 2024 година беше цел на два обида за атентат. Во јули 2024 година на митинг на отворено во Батлер, Пенсилванија, Трамп беше застрелан од 20-годишен маж во увото. Напаѓачот беше убиен од обезбедувањето. Нешто повеќе од два месеца по пукањето во Батлер, агентите на Тајната служба забележаа маж со пиштол скриен во грмушки во меѓународниот голф клуб „Трамп“ во Вест Палм Бич, Флорида, додека Трамп беше на теренот. Тоа се сметаше за обид за атентат, а осомничениот е осуден на доживотен затвор. Поранешниот американски претседател Роналд Реган беше повреден пред хотелот „Hilton“ во 1981 година. Доналд Трамп Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On

Go to News Site