Kurir
Комбинацијата од меко тесто, сочни јагоди и нежна павлака го прави совршен десерт за топлите денови. Состојки: Тесто: 200 гр путер 100 гр шеќер 1 јајце 350 грама брашно 1 прашок за пециво 50 мл вода Фил: 600 гр јагоди 400 гр павлака 3 јајца 100 гр шеќер 2 лажици густин Подготовка: Замесете мазно тесто од сите состојки. Распоредете го со раце на калапот (со дијаметар од 24 см) и подигнете го по рабовите речиси до врвот. Измијте ги јагодите, исечете ги на половина и наредете ги врз тестото. Изматете ги јајцата, шеќерот, павлаката и смесата, а потоа прелијте ги јагодите. Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 60 минути. Оставете ја тортата целосно да се олади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.
Go to News Site