Kurir
Вистинска драма се случила на пешачката патека кај Студенчишта во Охрид, каде параглајдерист кој вршел комерцијални летови со туристи, за малку ќе повредел мајка и дете кои се движеле по патеката. Според видеото што го објави Оhrid1.com , параглајдеристот летал опасно ниско над пешачката зона, директно над луѓето кои се шетале покрај езерото. Во еден момент, мајката го повлекува детето кон себе гледајќи дека параглајдеристот може да удри во нив, по што тој удира во столб за улично осветлување и целосно го уништува.
Go to News Site