Kurir
Мај носи два продолжени викенди за сите граѓани, а и уште еден дополнителен тридневен одмор за граѓаните од православна вероисповед. 1 Мај е во петок, а 24 Мај во недела, но бидејќи е државен празник, неработен ден е понеделник, 25 мај. Овој мај е еден од попогодните месеци за кратки патувања, семејни одмори или спојување на слободни денови без да се зема многу годишен одмор. Во исто време, не секој празник во мај носи и продолжен викенд: Курбан Бајрам е во среда, 27 мај, а Националниот ден на Власите паѓа во сабота, 23 мај. За православните граѓани, 29 мај, петок пред Духовден, е неработен ден. Ова е и третиот продолжен викенд кој го носи идниот месец.
Go to News Site