Collector
ССМ повикува на масовен протест на 1 Мај | Collector
ССМ повикува на масовен протест на 1 Мај
Kajgana

ССМ повикува на масовен протест на 1 Мај

ССМ повикува на масовен протест на 1 Мај Александра Спасеска 27.04.2026 / 08:58 Македонија Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати повик за масовност до работниците за учество на овогодишниот првомајски протест, кој ќе се одржи под мотото „За плата се бориме, не се молиме“. Собирот е закажан за 1 мај во 11:00 часот, со почетна точка пред Работничкиот дом во Скопје. „Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на работничките права. 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина. Сојузот на синдикатите на Македонија од 2018 година, секоја година организира масовен работнички протест на 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот. Синдикалците порачуваат дека е време за обединетост и одлучност, со јасна порака до надлежните дека работниците во Македонија заслужуваат повисоки плати и праведен третман. ССМ Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site