Collector
Муцунски: Ми олесна што претседателот Трамп и првата дама се безбедни | Collector
Муцунски: Ми олесна што претседателот Трамп и првата дама се безбедни
Kajgana

Муцунски: Ми олесна што претседателот Трамп и првата дама се безбедни

Муцунски: Ми олесна што претседателот Трамп и првата дама се безбедни Александра Спасеска 27.04.2026 / 08:55 Македонија Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон. Муцунски во објава на X истакна дека насилството нема место во демократските општества, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани. -Ми олесна што претседателот Доналд Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни, и му посакувам брзо закрепнување на повредениот офицер на Тајната служба.“, напиша Муцунски на X и упати и порака за брзо закрепнување на повредениот припадник на Тајната служба. Муцунски порача дека Македонија стои заедно со Соединетите Американски Држави во заштита на демократијата, јавната безбедност и принципите на кои се темелат слободните општества. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site