Kajgana
Променливо време денеска, дождлив продолжен викенд за 1 Мај Александра Спасеска 27.04.2026 / 08:00 Македонија Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25°C. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25°C. Од вторник до крајот на седмицата следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во вторник ќе има изолирана, а во среда на повеќе места појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот се очекува утринската температура наместа да се спушти под нула степени. временска прогноза Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On
Go to News Site