Kurir
И ДЕВЕТ ГОДИНИ по безобразлукот на кој кумуваше токму СДС и нивниот тогашен и сегашен лидер Заев, партијата очебијно ништо не научила. И додека и врапчињата во државата ја знаат вистината за она што се случи на тој кобен ден за Македонија, само СДС продолжува со инфантилниот наратив. Цела држава и секој нормален човек очекува ново, праведно судење за обвинетите, кои 7 години се неправедно соудени како терористи, но на СДС тоа им годи, па и натаму го бранат најголемиот виновник за она што се случи на 27.април 2017-та. Ликот кој потоа го смени исконското име и потпиша еден куп идиотски договори. Со иницијали ЗЗ. Арно ама, тоа не ги засега СДС, киднапирана партија со членство со стокхолмски синдром, кои денеска се распишаа: „9 години од крвавиот 27 април. Ден кој останува најтежок потсетник колку брзо една недемократска и криминална власт може да ја оттурне државата во провалија. Насилството во Собранието, крвавите пратеници, ништо не смее да се заборави. Но, уште пострашно е што денес ги гледаме истите тенденции. Истата екипа. Истата банда. Истата криминална матрица на ВМРО-ОКГ. Наместо правда, обиди за рехабилитација на насилниците . Наместо демократија, повторно заробени институции, притисоци врз судството, напади врз опозицијата и медиумска контрола. Под водство на Христијан Мицкоски, државата повторно се турка во истата опасна насока, кон заробена држава. 27 април не е само сеќавање. Тоа е опомена. Никогаш да не се заборави, да не се повтори!“ треснаа од СДС. Ова во паника го пишува екипата која е свесна дека ќе одговара за криминалот од 2017-та до 2024-та година. Екипа, на која не и лесно што можеби ќе ги чувствува благодетите на истите установи во кои неправедно ги сместија патриотите од 27-ми април. Банда која има уплав од конечното доаѓање на правдата во Македонија.
Go to News Site