Collector
Почина 32-годишниот Никола Зисов: „Со чисто срце ја сакаше Македонија“ | Collector
Почина 32-годишниот Никола Зисов: „Со чисто срце ја сакаше Македонија“
Kurir

Почина 32-годишниот Никола Зисов: „Со чисто срце ја сакаше Македонија“

Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за прераната смрт на нашиот другар, пријател и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Никола Зисов. Никола беше човек кој искрено и безрезервно и служеше на идејата, на партијата и пред сè на татковината, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево. -Со чисто срце ја сакаше Македонија и секогаш беше таму каде што беше најпотребно меѓу народот, со луѓето, за луѓето. Неговата посветеност, чесност и човечност ќе останат трајно врежани во нашите спомени. Беше повеќе од соработник, беше вистински пријател, другар и човек на кој секогаш можеше да се потпреш. Неговата насмевка, енергија и искреност ќе ни недостасуваат на сите. На само 32 години, животот прерано го одзеде од нас, оставајќи огромна празнина која тешко ќе се пополни, посочи тој. „Никола, ќе ни недостигаш неизмерно. Твојот лик и дело ќе живеат вечно во нашите срца. Сочувство до семејството, роднините и сите кои го познаваа. Почивај во мир“, му порачаа сопартијците и пријателите.

Go to News Site