Collector
Голманот на Сарагоса изгуби контрола и го удри противничкиот капитен, па јавно се извини | Collector
Голманот на Сарагоса изгуби контрола и го удри противничкиот капитен, па јавно се извини
Kajgana

Голманот на Сарагоса изгуби контрола и го удри противничкиот капитен, па јавно се извини

Голманот на Сарагоса изгуби контрола и го удри противничкиот капитен, па јавно се извини Филип Здравески 27.04.2026 / 13:28 Фудбал Во последните моменти од натпреварот, кој требаше да донесе рутинско затворање на резултатот, се случи сцена која засени сè што е поврзано со фудбалот. Голманот на Сарагоса, Естебан Андрада, ја претвори својата нервоза во инцидент, а потоа и во јавно извинување кое го покрена прашањето за границите на однесувањето на теренот. Натпреварот од шпанската Сегунда, или Ла Лига 2, помеѓу Уеска и Сарагоса, инаку директен дуел за опстанок, ќе биде запаметен по сцените кои немаа многу врска со играта, а многу повеќе со губењето на контролата. Во момент кога домашниот тим имаше минимална предност, последните моменти од натпреварот се претворија во хаотична низа настани кои ескалираа во физичка пресметка. Сè започна во судиското продолжение, кога аргентинскиот голман Естебан Андрада го напушти својот шеснаесетник и се упати кон аут линијата, очигледно незадоволен од одлуките на судијата. На патот му се испречи капитенот на Уеска, Хорхе Пулидо, обидувајќи се да го запре и да ја смири ситуацијата. Кратката размена на зборови брзо ескалираше кога Андрада со двете раце го турна Пулидо, доволно за судијата да реагира со втор жолт картон за Андрада. Наместо да се повлече, искусниот голман реагираше импулсивно. Во момент што ги шокираше и соиграчите и противниците, тој се залета и со бокс го удри Пулидо, предизвикувајќи општа мешаница на теренот. За само неколку секунди мечот го изгуби целиот натпреварувачки ритам. Esteban Andrada, hoy arquero del Zaragoza, fue EXPULSADO, SE VOLVIÓ LOCO Y LE PEGÓ UNA PIÑA en la cara al capitán del Huesca. INSÓLITO TODO. pic.twitter.com/7wfO12gMFi — Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) April 26, 2026 Во хаосот што настана, судијата мораше да прибегне кон дополнителни санкции. Голманот на Хуеска, Дани Хименес, беше исклучен поради реакција додека се обидуваше да го заштити својот капитен, а играчот на Сарагоса, Дани Тасенде, исто така, доби црвен картон. Сарагоса реагираше брзо, јасно дистанцирајќи се од постапките на својот голман и најавувајќи интерни дисциплински мерки. Набрзо се огласи и самиот Андрада, обидувајќи се да го објасни моментот што ја одбележа неговата сезона. „Жал ми е за сè. Ова не е сликата што сакам да ја оставам зад себе, ниту како играч ниту како личност. Во тој момент реагирав нагло и некоректно“, рече голманот, нагласувајќи дека веќе го контактирал Пулидо и лично му се извинил. Додаде дека е свесен за последиците што го очекуваат, нагласувајќи дека овој испад не ја одразува неговата досегашна кариера. View this post on Instagram A post shared by Real Zaragoza (@realzaragoza) Андрада е искусен 35-годишен голман кој минатото члето дојде со Сарагоса како помајмен од мекискански Монтереј. Претходно долго настапуваше во татковината играјќи за Ланус, Арсенал де Саранди и Бока Жуниорс, а има 4 настапи за репрезентацијата на Аргентина, сите во 2019 година. Требаше да игра и на Копа Америка истата година, но отпадна откако го повреди коленото. Што се однесува до натпреварот, Сарагоса со овој пораз падна на претпослендото 21. место со 35 бодови, а Уеска сега има 36 и е на два бода од безбедната зона. До крајот на Сегунда има уште 5 кола. Ла Лига 2 Сарагоса Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site