Collector
Започна изградбата на нова канализациона линија на улица 8 во населеното место Илинден | Collector
Започна изградбата на нова канализациона линија на улица 8 во населеното место Илинден
Kurir

Започна изградбата на нова канализациона линија на улица 8 во населеното место Илинден

Општина Илинден започна со реализација на нов инфраструктурен проект – изградба на нова канализациона линија на улица 8 во населеното место Илинден со цел подобрување на комуналните услови за жителите. -Новата канализациона мрежа ќе опфати вкупна должина од 130 метри и ќе се поврзе со веќе постојната фекална канализациона линија, која се влива во Фекалниот колектор Илинден – Марино, а со нејзиното пуштање во употреба ќе се овозможи приклучување на околу 10 домаќинства, се наведува во соопштението од Општина Илинден. Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски изврши увид во почетокот на градежните активности и истакна дека овој проект претставува значаен чекор кон решавање на долгогодишниот проблем со одведување на отпадните води во овој дел од населбата. -Со изградба на оваа канализациона линија директно придонесуваме за подобрување на животната средина и создавањето поквалитетни услови за живот на граѓаните од овој дел на општината- истакна градоначалникот Георгиевски. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во сите области, со акцент на изградба и модернизација на фекалната канализациона мрежа, која ќе се реализира во поголем дел од населените места, со цел рамномерен развој и подобар животен стандард за сите граѓани.

Go to News Site