Kurir
Министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше на националната теренска вежба „БЛЕСОК 26“ на армискиот полигон „Криволак“, каде што Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) ги демонстрираше своите способности, врвната обученост и целосната подготвеност. По сеопфатен процес на оценување според НАТО стандардите, единицата успешно ги исполни сите критериуми и заслужено е оценета како „борбено подготвена“, признание што претставува силна потврда за нејзината врвна подготвеност и интероперабилност со сојузниците, истакна министерот Мисајлоски. Министерот за одбрана потенцира дека ова е успех зад кој стојат труд и посветеност. Честитки до сите припадници на македонската Армија, гордост на нашата татковина, додаде во објавата Мисајловски. ЛЕСНАТА ПЕШАДИСКА БАТАЛЈОНСКА ГРУПА – „БОРБЕНО ПОДГОТВЕНА“! Денеска присуствувавме на националната теренска вежба... Posted by Vlado Misajlovski on Monday, April 27, 2026
Go to News Site