Kajgana
Пауза до Светско: Мбапе веројатно заврши со клупските обврски сезонава Филип Здравески 27.04.2026 / 16:44 Фудбал Напаѓачот на Реал Мадрид, Килјан Мбапе, ќе мора да паузира поради повреда на мускулот на левата нога, објави денеска најтрофејниот европски клуб. „По тестовите извршени денес од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, на нашиот играч Килјан Мбапе му е дијагностицирана повреда на полутетивозниот мускул на левата нога. Неговото закрепнување ќе биде следено“, се вели во клупското соопштение. Клубот не прецизираше колку ќе трае паузата, но шпанските медиуми истакнуваат дека е многу можно Мбапе да не се опорави на време за 10 мај кога Реал ќе ја пречека Барселона во Ел Класико. На пет кола до крајот, Барселона има 11 бодови повеќе од Реал и речиси е сигурно дека ќе ја одбрани титулата во шпанското првенство. Затоа и не се очекува брзање со враќањето на Мбапе, кој сака да биде што е можно поподготвен за претстојниот Мундијал со репрезентацијата на Франција. Parte médico de Mbappé. — Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 27, 2026 Килјан Мбапе Реал Мадрид Франција фудбал СП 2026 Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site