Kajgana
СДСМ: Пресудите за 27 април беа врз основа на докази, а не на политички налог Филип Здравески 27.04.2026 / 16:53 Македонија СДСМ реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за случајот „27 април“, обвинувајќи го дека јавно ја рехабилитира, како што велат, насилната банда која учествувала во упадот во Собранието во 2017 година. Од партијата оценуваат дека е срамна и опасна ревизија на фактите тоа што Мицкоски случајот го нарече политички монтиран и рече дека невини луѓе биле прогласени за терористи. „27 април беше организиран обид за државен удар во режија на ВМРО и Никола Груевски“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека осудените биле прогласени за виновни врз основа на докази, а не по политички налог. Партијата порача дека нема да дозволи, како што велат, рехабилитација на насилниците и повтори дека 27 април претставува напад врз демократијата, а не политички случај. СДСМ 27 април Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site