Collector
Башкими ја изненади Шкендија среде Тетово, однесе победа за Куманово | Collector
Башкими ја изненади Шкендија среде Тетово, однесе победа за Куманово
Kajgana

Башкими ја изненади Шкендија среде Тетово, однесе победа за Куманово

Башкими ја изненади Шкендија среде Тетово, однесе победа за Куманово 1.МФЛ 2025/2026 Филип Здравески 27.04.2026 / 18:19 Спорт Неочекувано, фудбалерите на Башкими славеа победа во Тетово против Шкендија и му направија услуга на Вардар оддалечувајќи го тетовскиот клуб на 4 бодови од првото место. Фото: ФК Шкендија Тетово Натпреварот почна според посакувањата за Шкендија која уште во 5-тата минута поведе преку Сенегалецот Фабрис Тамба, по што домашната публика очекуваше голеада и висока победа на своите миленици. Голеада доби, но не и победа. Само четири минути подоцна гостите од Куманово израмнија преку Ганецот Емануел Аворнјо. Потоа, во краток интервал од четири минути, од 35-тата до 38. минута, кумановчани направија комплетен пресврт со двата гола на Најкл Ор, напаѓач од Тринидад и Тобаго. Вториот негов гол се проверуваше на ВАР поради можен офсајд, дури и главниот судија Фтамир Бафто отиде да ја погледне снимката, по што голот беше признат. По паузата Шкендија со сите сили тргна во напад, но тоа резултираше само со намалување на 2:3 кога Бесарт Ибраими погоди во 65-тата минута. Башкими добро затвораше, а се закануваше на контра напади. Со овој неочекуван пораз Шкендија остана на 67 бодови и на четири кола до крајот има 4 бодови негатива во однос на лидерот Вардар. Токму Башкими е следниот противник на вардарци во меч кој, поради суспензија на стадионот во Куманово (поради инцидентот против Струга), Башкими ќе мора да го игра на неутрален терен. Шкендија во нареденото коло има незгодно гостување кај Силекс во Кратово. Што се однесува до Башкими, со овие три бода сега има 40 и е на 7 бодови над последното место што води во баражот за испаѓање, па на некој начин кумановчани се веќе сигурни прволигаши и за наредната сезона. ФК Шкендија ФК Башкими 1.МФЛ Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On

Go to News Site