Collector
Путин: Обидите за сеење раздор во руското општество нема да успеат | Collector
Путин: Обидите за сеење раздор во руското општество нема да успеат
Kurir

Путин: Обидите за сеење раздор во руското општество нема да успеат

Оние кои сакаа да посеат раздор и да го разнишаат руското општество згрешија, бидејќи не ја разбираат Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин пред Советот на законодавци. Тој истакна дека Русија е соочена со предизвици без преседан и мора достоинствено да ги надмине, но не смее да се фокусира само на забраните. - Нашиот политички систем, сите гранки и нивоа на власта, вклучително и парламентарната институција, ја докажаа својата цврстина и стабилност, својата вистинска сувереност, подготвеноста да се борат за виталните интереси на татковината – рече Путин. - Вишокот бариери го запираат развојот. Тоа се сè привремени, преодни појави. А Русија е вечна. И нашето законодавство мора да биде флексибилно, динамично, прогресивно, насочено кон иднината – додаде тој. - На притисокот, заканите, отворено агресивните напади против Русија, нашиот народ одговори со сплотеност и цврстина, а државата – преку брзо донесување одлуки, вклучително и на законодавно ниво. Ако некој мислел дека повеќепартиската демократија, со нејзините разлики во позициите, пристапите, конкуренцијата е нашата слаба точка, дека може да внесе раздор, да го разниша општеството, тогаш тој некој, секако, згрешил. Затоа што тој едноставно не ја познава и не ја разбира Русија, не го разбира нашиот народ – истакна Путин. Според него, законодавниот процес мора да биде системски и креативен, насочен не само кон адаптација кон актуелните предизвици и ризици, кои понекогаш се без преседан и мора достоинствено да бидат надминати. - Сепак, не смееме да се фокусираме само на забрани, ограничувања, изработка на нови казни за прекршителите. Тоа е контрапродуктивно – додаде тој. - Предизборната кампања мора да помине во строга согласност со законот, за нејзините резултати да бидат транспарентни, сигурни и безусловно легитимни, да ја одразуваат волјата на нашите граѓани – рече уште Путин и додаде: „Тоа секогаш е исклучително важно, а во сегашната ситуација тоа е особено важно, бидејќи создава стабилна платформа за власта и за донесување на неопходните, навремени одлуки во интерес на нашиот народ“. Оваа година во Русија ќе има парламентарни избори.

Go to News Site