Collector
Започна продажбата на билетите за кошаркарскиот дуел Македонија – Ирска! | Collector
Започна продажбата на билетите за кошаркарскиот дуел Македонија – Ирска!
Kurir

Започна продажбата на билетите за кошаркарскиот дуел Македонија – Ирска!

Македонската машка кошаркарска репрезентација го привршува својот пат во претквалификациите за Евробаскет 2029! Нашиот национален тим ќе ја пречека селекцијата на Ирска, а поддршката од трибините ќе биде од клучно значење за заокружување на овој циклус. Матпреварот ќе се одигра на 2 јули (четврток) со почеток во 18:00 часот . Овој важен дуел ќе се одржи во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Влезниците се веќе пуштени во продажба и можат да се набават онлајн преку продажната мрежа на MKTickets . Цената на билетите е симболична и изнесува 200 денари за сите блокови и трибини во салата.

Go to News Site