Collector
Одбележан Денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија | Collector
Одбележан Денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија
Kurir

Одбележан Денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Денес се одбележува Денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, истакна миистерот Тимчо Муцунски. -Ја истакнав клучната улога на Министерството во спроведувањето одговорна, проактивна и резултатски ориентирана надворешна политика и економска дипломатија, насочена кон заштита на националните интереси и зајакнување на меѓународната позиција на државата, објави Муцински. Тој додаде дека се осврнал и на историскиот развој на институцијата, потсетувајќи дека темелите на македонската дипломатска служба се поставени на 29 април пред 57 години, со формирањето на Бирото за односи со странство. Иако историјатот на институцијата е релативно кус, нејзиниот придонес во градењето на современата македонска држава е немерлив, а улогата во нејзиното етаблирање во меѓународните односи – пресудна. Осврнувајќи се на предизвиците, посочив дека тие биле составен дел од развојот на дипломатската служба, но и мотив за уште поголема посветеност во остварувањето на стратешките цели на државата. На крајот, упатив честитка до сите вработени и поранешни колеги, нагласувајќи ја важноста на нивниот придонес во развојот на македонската дипломатија, потенцира министерот. Денес го одбележавме Денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Ја истакнав клучната улога... Posted by Timco Mucunski on Tuesday, April 28, 2026

Go to News Site