Collector
Iute Pay го лансира првиот студентски иновациски предизвик - младите ја креираат иднината на дигиталните плаќања | Collector
Iute Pay го лансира првиот студентски иновациски предизвик - младите ја креираат иднината на дигиталните плаќања
Kajgana

Iute Pay го лансира првиот студентски иновациски предизвик - младите ја креираат иднината на дигиталните плаќања

Iute Pay го лансира првиот студентски иновациски предизвик - младите ја креираат иднината на дигиталните плаќања Филип Здравески 28.04.2026 / 14:02 Македонија Во време кога дигиталните решенија сè повеќе го обликуваат начинот на кој управуваме со пари, Iute Pay го отвора својот прв студентски иновациски предизвик во Македонија – иницијатива што има за цел да им даде глас на младите во креирањето на иднината на плаќањата. Преку овој предизвик, студентите добиваат можност не само да развијат креативни идеи, туку и да ги претворат во концепти со реален потенцијал за примена. Фокусот е ставен на тоа како дигиталниот паричник Iute Pay може да стане дел од секојдневието – прилагодено на потребите на новата генерација корисници. Предизвикот е отворен за тимови од студенти кои ќе треба да креираат концепт за позиционирање и користење на Iute Pay, да ја раскажат својата идеја преку кратко видео од 60 секунди и да ја дополнат со едноставна презентација. Процесот е дизајниран да биде динамичен и достапен, оставајќи простор за креативност, иновативно размислување и различни пристапи – од маркетинг стратегии, до продукт идеи. Најдобрите концепти ќе бидат избрани преку јавно гласање, што дополнително ја отвора можноста за видливост и вклучување на пошироката јавност. Победничките тимови ќе освојат награди до 3.000 евра, но уште поважно – ќе добијат шанса нивната идеја да биде разгледана како дел од реални кампањи и развојни процеси. „Веруваме дека најдобрите идеи доаѓаат кога ќе им се даде простор на младите да размислуваат слободно и храбро. Овој предизвик е покана тие да не ја чекаат иднината, туку сами да ја создадат“, вели Александар Петковски, извршен директор на Iute Pay. Овој повик и студентски предизвик е реализиран во партнерство со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (ФЕИТ), кој ја препозна вредноста на оваа иницијатива, и тоапреку активна вклученост на студентите во развојот на платформата за јавно гласање. Иницијативата има за цел да поттикне нова генерација на креативци, иноватори и идни финтек професионалци, кои ќе размислуваат практично, дигитално и со фокус на корисничко искуство. Воедно, претставува и чекор напред кон градење подлабока врска помеѓу индустријата и младите таленти, отворајќи простор за нивно активно учество во креирање на современи финансиски решенија. Пријавувањето на тимови е отворено до 18 мај на платформата futurefinance.iute.mk . Повеќе за отворениот повик, правилата, условите и целосниот бриф се достапни тука . Автор/Извор Кајгана Прикажи во метро Off

Go to News Site