Collector
Левица: Мајки и трудници остануваат без работа, власта итно да ги прифати законските измени | Collector
Левица: Мајки и трудници остануваат без работа, власта итно да ги прифати законските измени
Kajgana

Левица: Мајки и трудници остануваат без работа, власта итно да ги прифати законските измени

Левица: Мајки и трудници остануваат без работа, власта итно да ги прифати законските измени Филип Здравески 28.04.2026 / 15:42 Македонија Левица соопшти дека мајки и трудници сè почесто остануваат без работа и ја повика власта итно да ги прифати предложените измени на Законот за работни односи, кои според партијата треба да обезбедат поголема заштита за бремените жени на работното место. Од партијата посочуваат дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бележи пораст на предмети поврзани со дискриминација по основ на бременост, раѓање и мајчинство. „Жени по враќање од породилно отсуство се соочуваат со прераспоредувања на пониски позиции, деградирање или директно губење на работното место“, наведуваат од Левица. Партијата потсетува дека веќе поднела измени на Законот за работни односи, со кои се предлага автоматска трансформација на договорите од определено во неопределено време во случај на бременост, како и забрана за прекин на работниот однос поради истек на договорот во такви ситуации. Од Левица ја обвинија власта дека не презема мерки за надминување на проблемот и покрај, како што велат, јавно декларираната загриженост за наталитетот во државата. „Мајчинството не е приватен проблем на работничката, туку општествена одговорност“, порачаа од партијата, повикувајќи ги владејачките партии да ги поддржат законските измени. Левица работнички права бременост Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site