Kajgana
Купер Флег најдобар руки во НБА за оваа сезона НБА 2025/2026 Филип Здравески 28.04.2026 / 17:25 Фудбал Тинејџерската сензација на Далас Маверикс, Купер Флег (19), е најдобриот дебитант во НБА лигата за сезоната 2025/2026. Првиот избор од претходниот драфт заслужено ја освои номинацијата во анкетата на медиумите од 100 членови, но не беше толку убедлив како што се очекуваше. Најголем конкурент му беше поранешениот цимер од Дјук, Кон Книпл. Флег имаше само 26 гласа повеќе од момчето од Шарлот кое постигна најмногу тројки во лигата оваа сезона и сериозно се наметна за престижната индивидуална награда. Разликата помеѓу Флег и Книпл е втората најтесна во историјата на гласањето за руки на сезоната. Само Скоти Барнс (378 поени) и Еван Мобли (363) водеа понеизвесна борба во сезоната 2021/2022. Флег доби 56 гласа за првото место, останатите му припаднаа на Книпл. Играчот на Далас исто така доби 44 гласа за второто место, додека Книпл имаше 55 плус 1 за третото место. На 19-годишна возраст, Флег е вториот најмлад дебитант во сезоната по Леброн Џејмс. Оваа сезона, Флег забележа просек од 21 поен, 6,7 скокови и 4,5 асистенции по натпревар и влезе во кругот на најголемите легенди на оваа игра кои имале над 20 поени по натпревар во дебитантската сезона, како што се Брд, Џордан и Дончиќ. Книпл, избран како четврти пик на претходниот драфт, беше статистички многу блиску до Флег, имаше просек од 18,5 поени, 5,3 скокови и 3,5 асистенции. Тој исто така го сруши рекордот за бројот на постигнати тројки во една сезона со 273 успешни шутеви. COOPER FLAGG NAMED KIA NBA ROOKIE OF THE YEAR: A rookie race to remember ended with Cooper Flagg joining special company – again. The Mavs forward and No. 1 overall pick was named the 2025-26 Kia NBA Rookie of the Year on Monday after a debut season that matched hype with… pic.twitter.com/VRQAWwQOYG — NBA (@NBA) April 28, 2026 Купер Флег НБА Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site