Collector
Средба Гаши – Стевановиќ во Љубљана: Потврдена силната поддршка од Словенија за европскиот пат | Collector
Средба Гаши – Стевановиќ во Љубљана: Потврдена силната поддршка од Словенија за европскиот пат
Kurir

Средба Гаши – Стевановиќ во Љубљана: Потврдена силната поддршка од Словенија за европскиот пат

Претседателот на Собрание, Африм Гаши, во Љубљана оствари официјална средба со претседателот на Собрание на Република Словенија, Зоран Стевановиќ. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, биле потврдени одличните односи и стабилното партнерство меѓу Македонија и Словенија, со посебен акцент на потребата од интензивирање на меѓупарламентарната соработка и градење нови мостови на соработка во области од заеднички интерес. Стевановиќ ја истакнал посветеноста на продлабочувањето на соработката меѓу двете земји и ја потврди силната поддршка на Словенија за европската интеграција на Македонија. Од своја страна, претседателот Гаши изразил благодарност за континуираната поддршка на Словенија за процесот на реформите и европската интеграција, нагласувајќи ги предизвиците и важноста од унапредување на овој процес за стабилноста и развојот на земјата и регионот. Соговорниците ја оцениле и улогата на студентите како важен мост меѓу двете земји, кој придонесува за зајакнување на билатералните односи и градењето на заедничка европска иднина. Гаши и Стевановиќ се согласиле за понатамошно зајакнување на партнерството и соработката меѓу двете земји.

Go to News Site