Kurir
Амбасадорот на Иран во Обединетите нации, Амир Саеид Иравани, синоќа го повика Советот за безбедност на ОН да дејствува решително и да го принуди Израел целосно да го почитува прекинот на огнот во Либан. Во дебатата за ситуацијата на Блискиот Исток, Иравани посочи дека Советот за безбедност на ОН треба да обезбеди и Израел „веднаш да ги запре сите напади врз цивилите и цивилната инфраструктура и да ги повлече сите свои окупаторски сили“ од Либан, објави денеска Ал Џезира. Тој, исто така, ги осуди американските и израелските напади врз Иран, како и акциите на Израел во Газа, окупираниот Западен Брег и окупираната сириска Голанска Висорамнина.
Go to News Site