Kurir
Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, од 12 до 14 .06.2026 година, во Охрид ќе се одржи јубилејниот (10 по ред), меѓународен ИПА ВЕЛО ВИКЕНД „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ“ како и централниот настан-традиционалната велосипедската рекреативна тура Охрид-Струга-Радожда закажана за 13.06.2026 година (сабота). Стартот ќе биде од градското пристаниште во Охрид во 08 часот од каде, ќе се вози по охридскиот кеј и низ неколку улици низ Охрид, потоа по стариот пат кон Струга, покрај Охридското езеро и низ живописните зелени предели кај Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“ до Радожда. Велосипедската рекреативна тура Охрид-Струга-Радожда е традиционална рекреативна велосипедска тура со која, уште од 2016 година, се афирмира идејата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга и понатаму кон туристичката населба Радожда и од Охрид до Пештани, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека. Овие проекни иницијативи, имаат непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот. На овој начин, ИПА Охрид прави свој обид за промовирање на Охрид, Струга и на целот крајезерски регионот во целина, како атрактивни туристички и вело дестинации што значително ќе ги издигнат на светската вело туристичка мапа. Со ова, упатуваме порака до двете општини, конечно и сериозно да се заложат, велосипедското поврзување пред се, на Охрид до Струга а потоа и кон туристичките населби Радожда и Пештани, да станат реалност. Возењето велосипед е љубов, потреба, незаборавна авантура и неповторливо доживување. Во време кога урбаниот и рекреативниот велосипедизам имаат се поголемо значење и кога државите градат велосипедски автопати, редно е и во охридско-струшкиот регион на Македонија, да имаме безбедни вело патеки а не, да возиме покрај автомобилите, автобусите и камионите и да се ставаме во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот. Не сакаме повеќе жртви-велосипедисти на небезбедните патишта во регионот, на кои нема ни трага ни глас од вело патеки означени со современа хоризонтална и вертикална сообраќајна велосипедска сигнализација. Токму затоа, ги повикуваме сите членови на ИПА Охрид и ИПА Македонија, членовите на ИПА националните секции од соседните земји, од збратимените ИПА градови, сите вело клубови од Охрид, Струга и Македонија, сите граѓани вљубеници во велосипедскиот туринг, да се придружат на вело турата на 13 јуни (сабота), да бидеме уште побројни, да создадеме долга вело колона од Охрид кон Струга и Радожда и да испратиме силна порака до надлежните дека сме армија велосипедисти која бара современа велосипедска мрежа во најатрактивниот регион во Македонија.
Go to News Site