Collector
Реконструкција на улицата до црквата во селото Ротино | Collector
Реконструкција на улицата до црквата во селото Ротино
Kurir

Реконструкција на улицата до црквата во селото Ротино

Откако минатиот месец започна реконструкцијата на улица во селото Ротино, односно патот кој води до црквата, денеска таму механизацијата врши асфалтирање и градежните работи се во тек. Денеска увид во градежните работи направија претставници и одговорните лица на Општина Битола за овој проект. Должината на патот е 706 метри, ширината 3 метри и банкини од двете страни. Претходно беше поставена тампонираната подлога со дебелина од 25 см. Дебелината на асфалниот слој е 7 см, а вкупната асфалтна површина 2119 м2. Вредноста на овај проект е 5.185.870 денари, а средствата се преку Министерството за транспорт, од вториот владин повик, на кој за Општина Битола имаше одобрено најголем број проекти. И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини.

Go to News Site