Kajgana
Времето утре облачно со обилни врнежи од дожд Филип Здравески 29.04.2026 / 18:21 Македонија Под влијание на влажна и постудена воздушна маса, времето утре ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 л/м²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени. Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site