Collector
Речиси 25 проценти од првичните барања за азил во ЕУ поднесени од малолетници | Collector
Речиси 25 проценти од првичните барања за азил во ЕУ поднесени од малолетници
Kurir

Речиси 25 проценти од првичните барања за азил во ЕУ поднесени од малолетници

Речиси едно од четири првични барања за азил во ЕУ минатата година било поднесено од малолетници, соопшти денеска Евростат, статистичката служба на ЕУ. Приближно 158.400 од оние што барале заштита биле на возраст под 18 години во 2025 година, што претставува 23,7 отсто од сите првични барања, додаде Евростат. Пропорцијата е особено висока во Австрија (57,3 отсто) и Германија (44,9 проценти). Меѓу малолетните лица кои првпат побарале азил во ЕУ, околу 13 отсто биле малолетници без придружба, односно деца и адолесценти без родителска придружба. Најголем дел од помладите баратели на азил во 2025 година дошле од Азија (39 отсто) и Африка (27,3 отсто), при што Авганистан, Сирија и Венецуела се меѓу најчестите земји на потекло.

Go to News Site