Collector
Владата на Мелони в сабота ќе стане втората најдолготрајна италијанска влада | Collector
Владата на Мелони в сабота ќе стане втората најдолготрајна италијанска влада
Kurir

Владата на Мелони в сабота ќе стане втората најдолготрајна италијанска влада

Владата на премиерката Џорџа Мелони в сабота ќе стане втората најдолготрајна италијанска влада во периодот по Втората светска војна, откако стапи на должност на 22 октомври 2022 година. Првата жена премиерка на Италија е на пат да стане и првата модерна лидерка која ќе заврши полн петгодишен мандат на владата без реконструкции, во септември следната година, пренесува АНСА. Владата на Џорџа Мелони в сабота, 2 мај, ќе биде 1.288 дена на функција, со што ќе го надмине дотогашниот рекорд од 1.287 дена на функција на четвртата и последна влада на поранешниот премиер Силвио Берлускони. Мелони, која има мнозинство во Сенатот и во Претставничкиот дом, повеќепати во изминатите три и пол години изјавуваше дека на Италија ѝ ја вратила „политичката стабилност која е ретка во историјата на Републиката“. Најдолготрајната влада во повоената историја на Италија, од 1946 година, е втората влада на Силвио Берлускони, која ја водеше 1.409 дена, од 2001 до 2005 година. (МИА)

Go to News Site