Collector
Путин телефонски разговарал со Трамп | Collector
Путин телефонски разговарал со Трамп
Kurir

Путин телефонски разговарал со Трамп

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Разговорот бил на иницијатива на руската страна и траел околу час и половина. Путин одлучно го осудил обидот за атентат врз претседателот на САД и изразил поддршка за американскиот лидер. Лидерите разговарале за ситуацијата во Иран и Персискиот Залив, пренесува Спутник. - Русија ги продолжува активните контакти со Иран и земјите од Персискиот Залив, Израел и САД – наведе Ушаков и додаде дека Путин смета дека е правилно да продолжи режимот на прекин на огнот бидејќи тоа ќе придонесе за стабилизација на ситуацијата. (МИА)

Go to News Site