Collector
Почна изградба на улица во Романовце, кумановско | Collector
Почна изградба на улица во Романовце, кумановско
Kurir

Почна изградба на улица во Романовце, кумановско

Почна изградбата на улица во кумановското село Романовце, информираа денеска надлежните од Општината. Станува збор за улица во должина од над 300 метри, за која општината издвои речиси два милиони денари. -Започнавме со подготовка за изградба на улица во село Романовце во должина од над 300 метри- изјави градоначалникот Максим Димитриевски. Романовце, кое се наоѓа во непосредна близина на Куманово, има околу три илјади жители, а жителите подолг период бараа изградба на ваква инфраструктура во населеното место.

Go to News Site