Collector
Езерото што Римјаните не успеале да го исушат денес е нива за компири | Collector
Езерото што Римјаните не успеале да го исушат денес е нива за компири
Kajgana

Езерото што Римјаните не успеале да го исушат денес е нива за компири

Езерото што Римјаните не успеале да го исушат денес е нива за компири Филип Здравески 30.04.2026 / 17:28 Чек дис аут Порано имало езеро на само 80 километри од Рим, но веќе не постои. Езерото Фучино на географска карта во Ватиканскиот музеј Пред 2.000 години, езерото Фучино било третото најголемо езеро во Италија - огромна овална површина на вода заклучена меѓу Апенинските Планини во Централна Италија, без природен излез и без каде водата да бега. Римјаните очајно сакале да исчезне оти ги поплавувало околните села, а развило и маларија. Самиот Јулиј Цезар планирал да го исцеди - но, бил убиен пред да го почне да го прави тоа. Императорот Клавдиј конечно дејствувал во 41 година од новата ера. Испратил 30.000 работници - претежно робови - да ископаат тунел од 6 км низ планината. Потребни биле 11 години. Во тоа време, тоа бил најдолгиот тунел некогаш изграден на Земјата. Функционирало, но делумно. Езерото се намалило, но преживеало. Потоа Рим паднал, тунелот се затнал и езерото се вратило. Во следните 1.000 години едноставно одбивало да умре. Дури во 1862 година богатиот италијански принц по име Алесандро Торлонија ангажирал швајцарски инженер и го завршил она што го започнале Римјаните. 13 години траеле работните активности. Тоа бил еден од најамбициозните инженерски проекти во XIX век. До 1878 година езерото исчезнало, засекогаш. Денес, каде што некогаш пловеле римските рибарски бродови, има полиња со компири. И центар за сателитски комуникации што управува со вселенски летала во орбитата. Езерото не пресушило. Било избришано. Италија антички Рим езеро Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site