Kajgana
Совршена крцкава закуска за пикник: Направете пица од лиснато тесто Филип Здравески 30.04.2026 / 19:45 Рецепти Ако барате брза и вкусна пица која е совршена за пикник или брз ручек за целото семејство, оваа пица е вистинскиот избор. Со совршено крцкава кора и богат фил, ќе ги воодушеви сите. Со едноставни состојки, оваа пица можете да ја подготвите за кратко време, а покрај овие, можете дополнително да ја наполните со состојки по ваш избор. Потребни состојки: 500 гр лиснато тесто 200 гр салама (вид по избор) 200 гр кашкавал (вид по избор) 1 лажичка оригано 6 лажици доматен сос 1 јајце за премачкување Подготовка: На набрашнета површина тенко расукајте го лиснатото тесто, а потоа исечете го на триаголници или коцки. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 200°C и обложете кружен плех со хартија за печење. Изматете го јајцето во сад, а потоа премачкајте го тестото со доматен сос. Одозгора ставете прво кашкавал, па салама и наросете со оригано (и сол соколку кашкавалот не е доволно солен). Превиткајте го тестото, свиткајте ги рабовите и притиснете ги за да се запечатат. Конечно, избоцкајте ја пицата со вилушка и премачкајте ја со јајцето. Ставете ја пицата во рерна и печете ја околу 20 минути, додека не добие златнокафена боја. Сервирајте додека е сè уште топла и крцкава. пица рецепт Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site