Kajgana
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради првомајскиот протест Филип Здравески 01.05.2026 / 09:21 Македонија Денеска со почеток во 11:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест на 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот. Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев“ бр. 4 со движење лево по ул. „Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. „11-ти Октомври“, право по ул. „Димитрие Чуповски“, десно по ул. „Васил Главинов“, право по бул. „ВМРО“, лево по бул. „Илинден“ до пред Влада на Р.С. Македонија во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во Скопје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site