Collector
ФФМ го презентираше новиот дрес на репрезентацијата: Убав домашен дизајн за нови предизвици | Collector
ФФМ го презентираше новиот дрес на репрезентацијата: Убав домашен дизајн за нови предизвици
Kajgana

ФФМ го презентираше новиот дрес на репрезентацијата: Убав домашен дизајн за нови предизвици

ФФМ го презентираше новиот дрес на репрезентацијата: Убав домашен дизајн за нови предизвици Филип Здравески 01.05.2026 / 11:33 Фудбал Црвен дрес со жолти брановидни линии е новиот изглед на македонските репрезентативци. Фудбалската федерација на Македонија денеска го објави изгледот на новиот домашен и гостински дрес. Новиот дизајн на домашниот дрес изгледа убаво и е во скад со националните бои, но разочара гостинската верзија која е повторно бела со сиви точки, бои што немаат никакво значење за македонската држава. Не се остварија најавите за жолт гостински дрес, иако на мартовските натпревари Македонија играше токму во жолта варијанта од новиот производител Adidas. Веројатно жолтиот дрес ќе биде трет избор, но за тоа засега нема потврда од ФФМ. „Со гордост го претставуваме новиот дрес на македонската репрезентација. Симболика што ја претставува гордоста и единството на нашата земја, каде што секој бод носи спомен, а секоја линија, надеж. ФФМ и Adidas, едноставено, но кажува доволно.  Стил, став и јасна порака кој си и што претставуваш кога ќе излезеш на терен. Од ФФМ додадоа дека федерацијата е дел од програмата во рамки на UEFA Kit Assistance Scheme. Националните асоцијации користат ексклузивната ADIDAS Locker Room услуга за дизајн, која нуди широк спектар решенија за креирање на тимска опрема. View this post on Instagram A post shared by Football Federation-Macedonia (@ffmacedonia) нов дрес ФФМ Македонија фудбал Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On

Go to News Site