Kurir
На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа млада девојка качена на заштитната ограда кај делот со мајмуните во Скопската зоолошка градина. На видеото може да се забележи како една од вработените во Зоо Скопје и се обраќа на девојката да се симне доле од оградата, со цел да се избегне потенцијално опасна ситуација и вознемирување на животните. „И покрај сите препораки, табли со натписи за тоа да не се хранат и вознемируваат животните, во Скопје ЗОО постојано сме сведоци на непочитување на протоколите од страна на посетителите! Недостасува култура, едукација, недостасуваат редари и видеонадзор, како и санкционирање на сите кои не го почитуваат протоколот! Родители, наставници, учители, професори и медиуми за јавно информирање… ЕДУКАЦИЈА“, стои во објавата на Стефан Кирков.
Go to News Site