Kajgana
Модниот тајкун Холдер прогласен за виновен за силување Александра Спасеска 02.05.2026 / 11:44 Бизнис Коосновачот на британската модна компанија Superdry Џејмс Холдер (54) е осуден за силување. Холдер бил излезен да се забавува ноќта на 6 мај 2022 година, по што влегол во станот на жена која успеала да избега од него. По петдневно судење во Крунскиот суд во Глостер, тој бил прогласен за виновен од порота составена од седум мажи и пет жени. Судијата Дејвид Чиџи го отфрли барањето на Холдер за кауција за да може да ги среди своите работи и да се збогува со семејството, велејќи дека постои превисок ризик од бегство поради неговите „значајни ресурси“. Модниот тајкун, кој го основал Superdry со Џулијан Данкертон, сведочеше дека бил излезен ноќта на 6 мај 2022 година по што завршил во станот на жената, изјави тој пред судот. Superdry co-founder James Holder found guilty of rape https://t.co/9K4aVqQteW — The Times and Sunday Times (@thetimes) May 1, 2026 Сведок рече дека повикала такси за Холдер и посебно такси за жртвата, но дека Холдер потоа седнал на задното седиште од таксито на жртвата, кое одело на нејзината домашна адреса. Обвинителот Џејмс Хаскел рече дека Холдер се појавил на вратата од дневната соба и ја замолил да му се придружи во спалната соба, но таа рекла не, била уморна и рекла дека ја влечел на креветот. Холдер „продолжил да ја допира“ жртвата, а таа „се обидела да го спречи“. На поротата ѝ било кажано дека жената успеала да се оддалечи од Холдер и да ја напушти спалната соба. Тој го напуштил станот набргу потоа. Жртвата ги пријавила обвинувањата во полиција и дала видео исказ на детективите во јули 2022 година. Во 2022 година, Холдер доброволно присуствувал на полициски разговор и зборувал за својата љубов кон жените и сексот. Во соопштението од Superdry стои дека Холдер поднел оставка од функцијата директор и вработен во модниот бренд во 2016 година, а неговиот договор за консултантски услуги истекол во 2019 година. „Судскиот случај не се однесува на Superdry, неговите простории, вработени или деловни активности. Бидејќи ова прашање сè уште е пред судовите, Superdry не може понатаму да коментира“, се вели во соопштението. На Холдер треба да му биде изречена пресуда на 7 мај во Крунскиот суд во Бристол. Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site