Collector
ВЛЕН: ДУИ е заглавена во 2008 година | Collector
ВЛЕН: ДУИ е заглавена во 2008 година
Kajgana

ВЛЕН: ДУИ е заглавена во 2008 година

ВЛЕН: ДУИ е заглавена во 2008 година Александра Спасеска 02.05.2026 / 13:24 Македонија Коалицијата ВЛЕН обвини дека ДУИ останала „заглавена во 2008 година“ и дека повторно користи стара политичка реторика во обид да се врати на власт. Во соопштението, ВЛЕН наведува дека ДУИ лажно се претставува како единствен гарант за политичките и демократските права на Албанците и ја обвинува партијата дека се бори исклучиво за „власт и функционерски фотелји“. Од коалицијата оценуваат дека ДУИ со своето однесување признава оти зад себе оставила „половични алатки, фалични закони и недорешени прашања“, што според нив е доказ дека партијата со години нудела популизам наместо реални решенија. ВЛЕН во реакцијата го спомена и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, наведувајќи дека аферата „Соравија“ и другите скандали, според нив, покажале дека „парите му се поважни од националните чувства“. ВЛЕН ДУИ Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site