Kurir
Нашата македонска гордост, Македон Димитровски, повторно не направи среќни и горди. Тој постигна извонреден историски успех на Германската математичка олимпијада која се одржа овој викенд. Македон од Германија си заминува со два златни медаљи. Златен медал во индивидуална конкуренција по математика и Златен медал во математички предизвик. Со своите блескави резултати, Мaкедон беше прогласен и во престижната група на ЛАУРЕАТИ — признание резервирано само за најдобрите од најдобрите! Овој неверојатен успех е доказ за врвен талент, огромна посветеност и достојно претставување на Македонија на меѓународната сцена. Честитки Македон!
Go to News Site