Kajgana
Маж претепан во Кисела Вода по расправија Александра Спасеска 03.05.2026 / 13:47 Хроника Триесет и шестгодишен скопјанец бил физички нападнат од три лица по расправија на подрачјето на Кисела Вода, соопшти МВР. Според пријавата, инцидентот се случил околу полноќ кога Р.Д., додека се движел со своето возило „БМВ“, бил запрен од Ј.А., кого го познавал, по што меѓу нив настанала расправија и физичка пресметка. Откако подоцна повторно се вратил на местото, Р.Д. повторно бил нападнат – овојпат од Ј.А., М.А. и Е.Н., при што М.А. го удрил со кундак од пиштол. Повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off
Go to News Site