Collector
ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за економија, СДС ја доведе државата на раб на банкрот после целиот криминал од епски размери | Collector
ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за економија, СДС ја доведе државата на раб на банкрот после целиот криминал од епски размери
Kurir

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за економија, СДС ја доведе државата на раб на банкрот после целиот криминал од епски размери

СДС е партија која додека беше на власт потроши милионски буџети, а немаше ниту една инвестиција, ниту пак капитални проекти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. СДС ги осиромаши граѓаните и ги остави со празни џебови додека буџетската каса ја испразни, а државата ја остави на раб на банкрот. СДС континуирано води политика и ПР стратегија со која што шири лаги и манипулира. СДС лажеа дека државата ќе банкротира, но не само што државата не банкротира, туку се зголемија и платите, дека мигранти ќе дојдат, дека ИПАРД средствата за земјоделците се блокирани, но Брисел потврди дека нема никакви неправилности со фондовите и ги демантира. СДС продолжуваат да растураат пердуви во јавноста, СДС лажеше дека ќе банкротираме, не банкротиравме. Напротив, се зголемија платите, се испочитуваа Колективните договори. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни мерки за подобрување на платите, состојбите и условите за најсуштинските сектори во државата како здравство, образование, безбедност. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи транспаретно и одговорно во интерес на граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секоја категорија на граѓани и зголемување на животниот стандард, се вели во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Go to News Site