Collector
Иџе апсолутен победник во Котор во конкуренција од 134 возачи! | Collector
Иџе апсолутен победник во Котор во конкуренција од 134 возачи!
Kurir

Иџе апсолутен победник во Котор во конкуренција од 134 возачи!

Најтрофејниот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе забележа нов голем успех на меѓународна сцена, откако победи на ридско-брзинската трка во Котор, една од најатрактивните и најпосетени трки во регионот. Во паузата меѓу настапите во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), Стефановски ја прифати поканата од организаторите и уште еднаш ја покажа својата класа – триумфирајќи во конкуренција од 134 учесници на трката. Македонскиот возач имаше вкупно време од 4:20,64 часа, односно 2:10,86 часа во првата и 2:09,78 часа во втората трка. Со тоа за речиси 13 секунди беше подобар од второпласираниот противник. Натпреварот беше организиран од Автомобилскиот и картинг сојуз на Црна Гора заедно со АМСК Котор и има значајна улога, бидејќи носи бодови за шампионатот на Црна Гора, првенството на Хрватска, како и за Адриатик и Котор куповите.

Go to News Site