Collector
„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов | Collector
„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов
Kurir

„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов

Британската рок-група „Ролинг стоунс“ официјално го потврди нивниот нов музички проект, т.е. излегувањето на албумот „ Foreign Tongues (странски јазици)“. Ова доаѓа по месеци на навестување од страна на бендот, преку мистериозни билборди и објави, што предизвика гласини дека бендот ќе издаде нов албум - нивен прв по „Hacney Diamonds“ награден со „Греми“ во 2023 година. Членовите на рок-составот, Мик Џегер, Рони Вуд и Кит Ричардс ги споделија уметничките дела како делови од омотот на албум - при што секој музичар објави различен дел од корицата. Џегер сподели слика од долниот дел од корицата и покажа илустрација на она што изгледа како неговата уста и брада. Вуд го сподели средниот дел од корицата којшто ги открива неговите очи и нос. Ричардс ја комплетираше сложувалката и ја сподели горната половина со илустрација на главата - малку разбушавена коса и разнобојна марама. Неофицијално, албумот излегува на 10 јули. Во петокот, бендот сподели и дел од неименувана песна преку видео од 13 секунди до своите 4,2 милиони обожаватели, на коешто се гледа нивното препознатливо лого со црвени усни и исплазен јазик на подвижна позадина. Гласините за нова музика првпат беа предизвикани минатиот месец кога низ Лондон се појавија низа криптични пораки, постери и кју-ар-кодови поврзани со „лебарките“ - симболот на бендот. Во текот на нивната повеќедецениска кариера, „Ролинг стоунс“ имаа 14 албуми број еден во Велика Британија и осум хитови број 1. Рок-групата беше примена во Куќата на славните на рокенролот во 1989 година

Go to News Site