Kurir
Европските земји уверуваат дека ја разбрале пораката на американскиот претседател Доналд Трамп и дека гарантираат спроведување на договорите за користење на воените бази, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Трамп обвинува некои членки на НАТО дека не прават доволно за да ги поддржат Соединетите Американски Држави во војната со Иран. - Да, постои одредено разочарување од американска страна, но Европејците ја примија пораката - изјави Руте пред новинарите на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија.
Go to News Site