Kajgana
Амстердам ги забрани рекламите за месо и фосилни горива Филип Здравески 04.05.2026 / 12:31 Свет Амстердам стана првиот главен град во светот што забрани јавно рекламирање на месо и производи од фосилни горива. Од 1 мај, рекламите за хамбургери, бензински автомобили и авиокомпании се отстранети од билбордите и трамвајските и метро станиците. На една од најпрометните трамвајски станици во градот, веднаш до кружниот тек со нарциси и лалиња, рекламниот пејзаж е целосно променет, објави BBC. Просторите што до минатата недела промовираа пилешко, теренски возила и евтини патувања сега се украсени со постери што ги покануваат луѓето во холандскиот национален музеј или на концерт за пијано. Усогласување со еколошките цели Градските политичари велат дека овој потег има за цел усогласување на уличниот пејзаж на Амстердам со еколошките цели на локалната самоуправа. Холандскиот главен град има за цел да стане јаглеродно неутрален до 2050 година, а планот е локалното население да ја преполови потрошувачката на месо до истиот датум. „Климатската криза е исклучително итна“, вели Анеке Веенхоф од партијата GroenLinks (ГрунЛинкс - ЗеленаЛевица). „Ако сакате да бидете лидер во климатската политика, а во исто време да го изнајмувате вашиот рекламен простор за нешто што е целосно спротивно на тие цели, што правите? Повеќето луѓе не разбираат зошто една општина би заработувала пари со изнајмување јавен простор за нешто против кое активно се бори со своите политики.“ Анке Бакер од Partij voor de Dieren (Партеј вор де Дирен - Партија за животните), која ги иницираше новите ограничувања, се согласува. Таа ги отфрла обвинувањата дека ова е прекумерно мешање на државата. „Секој е слободен да донесува свои одлуки, но она што навистина се обидуваме да го направиме е да ги спречиме големите корпорации постојано да ни кажуваат што треба да јадеме и купуваме“, вели Бакер. „На некој начин, им даваме на луѓето поголема слобода затоа што можат сами да избираат, нели?“ Отстранувањето на овој постојан визуелен стимул, објаснува таа, го намалува импулсивното купување и испраќа порака дека евтиното месо и патувањето базирано на фосилни горива повеќе не се пожелни избори на живот. Amsterdam has introduced a landmark ban on public advertisements for meat and fossil fuel products, removing promotions for items like burgers, petrol cars, and airlines from billboards and transit spaces across the city. #Amsterdam #ClimateAction #MeatBan #FossilFuelBan … pic.twitter.com/M8oKYGjjWF — Pakistan TV (@PakTVGlobal) May 4, 2026 амстердам реклами Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site