Kurir
На одбележувањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој оддаде почит и положи цвеќе во чест на големиот македонски револуционер, истакнувајќи ја важноста на неговото дело за современата македонска држава. -Гоце Делчев останува симбол на непокорот, визионерството и пожртвуваноста. Неговата идеја за слободна и праведна Македонија и денес претставува инспирација и обврска за сите генерации. Делото што го остави зад себе не е само дел од историјата, туку жив аманет кој нè повикува на единство, одговорност и истрајност во зачувувањето на националните вредности - истакнал Ѓорѓиевски. На денешниот ден, како што потенцирал градоначалникот Ѓорѓиевски, се потсетуваме дека борбата за правда, достоинство и напредок не завршува, туку продолжува низ нашите дела, посветеност и љубов кон татковината. -Чествувањето на ликот и делото на Делчев е израз на почит кон минатото, но и залог за иднината. Нека неговата жртва биде вечен поттик за градење општество засновано на слобода, еднаквост и просперитет - нагласил Ѓорѓиевски.
Go to News Site