Kurir
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите од Државниот завод за статистика за растот на индустриско производство и подобрување во трговијата на мало, изјави: „Конечно во март месец имаме значаен раст на индустриското производство, споредено со март минатата година, од 3 %. Трговијата на мало расте со двоцифрен број проценти, близу 13%, мислам дека беше 12,6%. И тоа кое што можам да го кажам, е дека ние како Влада работиме за зголемување на куповната моќ на граѓаните и ќе продолжиме во таа насока да работиме. За жал, за нас останува сеуште проблем рударството како сектор. Тука имаме сеуште помала активност на рударството како сектор во првите 2-3 месеци, во првиот квартал. Така што будно ја следиме состојбата и со сите овие нови проекти во индустријата, со сите нови производни капацитети, јас сум охрабрен што преработувачката индустрија расте. И тоа е нешто кое што треба сите нас да нѐ охрабрува. Еве во текот на вчерашниот ден излегоа ТИРЗ зоните, излегоа и тие со свои податоци, така што апсолутно како Влада продолжуваме и понатаму да работиме во интерес на граѓаните и државата.“
Go to News Site