Collector
ИРНА: Повеќе од 55.000 ирански верници нема да можат да одат на аџилак поради американските санкции | Collector
ИРНА: Повеќе од 55.000 ирански верници нема да можат да одат на аџилак поради американските санкции
Kurir

ИРНА: Повеќе од 55.000 ирански верници нема да можат да одат на аџилак поради американските санкции

Повеќе од 55.000 ирански верници нема да можат да го извршат овогодишниот аџилак во Мека поради американските санкции, изјави претставникот за прашања на аџилакот, Абдолфатах Наваб, пренесе иранската новинска агенција ИРНА. Наваб посочи дека овие лица чекале повеќе од 20 години за да заминат на аџилак, веќе ги платиле потребните такси и ги завршиле сите подготовки. Алиреза Рашидијан, раководител на Иранската организација за аџилак и поклоништво, наведе дека првично било планирано да отпатуваат 86.700 лица. Сепак, поради избувнувањето на војната во регионот и ограничувањата поврзани со санкциите за парични трансфери, бројот е намален на 30.672 аџии. Тој додаде дека летовите за иранските верници се реализираат од аеродромите во Техеран, Машхад и Захедан, а досега во Саудиска Арабија се транспортирани повеќе од 9.500 лица со 43 летови.

Go to News Site