Kajgana
Леклер казнет во Мајами Филип Здравески 04.05.2026 / 12:53 Ф1 Возачот на Ферари, Шарл Леклер, доби казна по Големата награда на Мајами. Возачот од Монте Карло имаше големи проблеми во финишот, заврши на шестото место, но по казната ја освои осмата позиција. Леклер беше повикан пред судиската комисија за три одделни можни прекршувања на правилата, кои беа активирани кога возачот на Ферари се изврте во последниот круг и удри во ѕидот. Леклер доби пријава за возење оштетен автомобил во небезбедни услови, повеќекратно напуштање на патеката и стекнување на предност, како и судир со конкурентот од Мерцедес, Џорџ Расел, во последната кривина. По истрагата, судиите одлучија да му дадат на Леклер казна „возење низ“, која, со оглед на тоа што беше изречена по трката, беше претворена во 20 секунди додадени на неговото време на трката, со што тој падна на осмото место. Казната беше изречена за напуштање на патеката „повеќе пати без основана причина“, потврди документот објавен по сослушувањето на судиите. Откако ги слушнаа изјавите на Леклер и претставникот на Ферари, како и податоците, видео снимките и радио доказите, судиите заклучија: „За време на последниот круг во кривината 3, болидот 16 се заврте и удри во ѕидот, но продолжи да вози. Возачот ни кажа дека болидот е во добра состојба, освен што не може правилно да ги помине десните кривини. Поради овој проблем, тој беше принуден да ги сече шиканите на патот до целта. Откривме дека фактот што мораше да ги сече шиканите (т.е. да ја напушти патеката) значеше дека тој доби предност со напуштањето на патеката на тој начин.“ Why Charles Leclerc was handed a 20-second time penalty post-race ‼️ The penalty was given for leaving the track “on several occasions without a justifiable reason” on the final lap in Miami ⬇️ #F1 #MiamiGP pic.twitter.com/QykWLsnF5B — Formula 1 (@F1) May 3, 2026 Леклер е трет во генералниот пласман со 59 бодови, 41 помалку од лидерот Кими Антонели. Шампионатот во Ф1 продолжува со Големата награда на Канада на 24 мај. Шарл Леклер Ф1 Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site